Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
72-годишниот славен актер Жерар Депардје, легенда на францускиот и холивудскиот филм, е обвинет за „силување и сексуално насилство“ на млада актерка летото 2018 година. Актерот овие обвинувања ги негира, дознава извор близок до случајот.
Во август 2018 година, таа пријавила дека била силувана двапати во станот на актерот во Париз, а истрагата била започната летото 2020 година.
Адвокатот на актерот, Ерве Темиме, изјавил дека „жали што е објавена оваа информација“, пренесува AFP.
Жерар Депардје „целосно ги оспорува наводите во обвнинението против него“, рече адвокатот.
20-годишната актерка го обвинува својот славен колега за две силувања и сексуални напади што се случиле во неговиот стан во Париз, во приватен хотел во 6-та арондисман на 7 и 13 август 2018 година.
Според извор близок до случувањата, актерот бил пријател на семејството на жртвата.
Соочувањето помеѓу актерот, кој е руски државјанин од 2013 година, и младата актерка се случило во просториите на париската судска полиција, изјавил извор, пренесува AFP.