Женската верзија на Доналд Трамп живее во Шпанија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во шпанска Галиција неочекувана слава на социјалните мрежи стекна една 69-годишна жена која неверојатно потсетува и личи на американскиот претседател Доналд Трамп.

Новинарката која известуваше од северозападот на Шпанија, од една фарма, на Инстаграм постави фотографија од Долорес Леис со мотика на рамо и во работничка облека, што предизвика голем број коментари на социјалните мрежи.

Новинарката ја праша Долорес за мислење за американската и меѓународната политика, но таа повеќе загриженост изрази за штетниците кои го уништуваат компирот (многу нормално).

Од Трамп се разликува по тоа што нема мобилен и не е толку активна на онлајн платформита.

„Верувам дека со него ме поврзуваат бидејќи имаме иста боја на косата“, вели Долорес.

Инаку Леис е родена 1954 година, десетина години после Трамп.