Жените во Саудиска Арабија го слават шоферското право


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако добија право да можат лично да управуваат со автомобили после неколкудецениска забрана за тоа, саудиските жени оваа можност ја прославија на улиците во Саудиска Арабија.

A post shared by Baheirah Khusheim (@baheirah) on

Откако забраната за жените да управуваат моторни возила беше укината на полноќ, жените во Ријад и другите градови почнаа да возат по улиците, пуштајќи музика од зад воланот.

Станува збор за историска реформа која се очекува да донесе нова ера во социјалната мобилност. Одлуката е дел од поширока тенденција на Мохамед бин Салиман за модернизација на досегашниот конзервативен пристап. Таа поттикна иницијатива на активистки кои долго време се спротиставуваa на забраната.

„Ова е големо достигнување. Сега жените ја имаат својата слобода“, рече принцот Ал-Валед бин Талат, додека ќерка му управуваше семеен SUV, а внуките аплаудираа од задните седишта.