Жените со само една особина можат да го гарантираат својот квалитетен сексуален живот: Еве за што станува збор…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Британска студија сугерира дека емотивно интелегентните жени можат да се пофалат со подобар сексуален живот.

Студијата, која опфати повеќе од 2000 жени, покажа дека жените со поголема емотивна интелегенција имаат поголем број на оргазми. И интересно: оваа пропорционалност се однесува и на сексуалните односи меѓу паровите и во соло задоволствата.

Кои се емотивно интелегентни жени и зошто е тоа така?

Експертите се убедени дека емотивно интелегентните жени знаат да ги слушаат своите емоции, како и чувствата на другите луѓе. Професорот Тим Спектор, шеф на истражувачкиот тим истакна:

„Долго време знаеме дека емотивната интелегенција носи многу корист во животот на поединецот, а нашето истражување покажува дека тоа влијае и на нашето задоволство во спалната соба. Верувам дека резултатите од студиите се од голема помош за терапевтите кои се обидуваат да им помогнат на жените да го подобрат квалитетот на нивниот сексуален живот“.

„Веруваме дека емотивната интелегенција има директно влијание на квалитетот на сексуалниот живот на жената, бидејќи е поврзана со способноста на вербализација на сексуалните желби и очекувањата од партнерот“, додаде предводникот на студијата, Андреа Бари.

Таа исто така додаде дека се сомневаат дека постои силна поврзаност помеѓу сексот и употребата на фантазија и чувството на контрола во текот на сексуалниот однос. За сите жени кои имаат проблеми да дојдат до оргазам ова се добри вести.

„Се чини дека емотивната интелегенција е еден од најважние фактори кои можат да помогнат во преминувањето на проблемите со сексуалното задоволство. Ако сме свесни за нашите чувства, можеме да го откриеме проблемот и исто така да комуницираме, во секој случај ќе ги решиме сите наши проблеми“.