Живот

Жените не сакаат комплицирани врски: Момци не ги правете овие грешки, за да не ја згаснете страста кај жената…

Сексот може да биде вистински предизвик, особено за мажите бидејќи често имаат потреба за докажување во креветот. Поради притисокот кој себеси си го наметнуваат практикуваат грешки во текот на сексот кои лесно ја гасат страста кај жената.

Ги имитираат порно филмовите

Една од причините зошто момците често подивуваат во креветот е тоа што се обидуваат да го имитираат она што го гледале во филмовите за возрасни. Неискусните момци мислат дека порно филмовите се енциклопедија за добар секс, но не сфаќаат дека сексот во нив е во суштина наменет на задоволство на машките глумци и машките гледачи.

Ја пуштаат жената сама да ја заврши цела работа

Сексот е активност во која обете страни треба еднакво да учествуваат. Да ја препуштите цела работа на жената е една од најлошите работи кои мажот може да ги направи во текот на сексот. Важно е мажот да биде дарежлив партнер кој знае да возврати.

Сакаат комплицирани пози, а уште во класичните не „докторирале“

Нема ништо лошо во експериментирањето, о не морате да висите на штрек за сексот да биде добар. И класичните пози можат да бидат фантастичен извор на задоволство. Така, добрата стара мисионерска поза уште е водечка на листата најдобри за заљубените парови.

Advertisements
To Top