Жените на кои не им е проблем да го направат првиот чекор се во посреќни врски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ова е една од најтешките иницијативи во односите на луѓето, но најверојатно е и корисна.

Во светот на врските и романтичните односи, непишно правило е дека од мажите се очекува да го направат првиот чекор. Некои жени се премногу страмежливи или горделиви за да го направат првиот чекор, па затоа некогаш дури и оние кои им се допаѓаат ги „прескокнуваат“.

Женската иницијатива доведува до успешна врска

Но, се чини дека правилата се менуваат, затоа што едно нови истражување вели дека според „дејт“ апликациите жените се почесто го прават првиот чекор.

Во истражувањето анализирани се 100 среќни парови и во нив баш жената била онаа што ја започнала иницијативата. „Мажот нема баш да и пријде на жената ако таа не му даде повод, да го повика со поглед или слично. Се чини дека тоа е вродено во нашите гени“, тврди Мејсон.

Ова треба да се земе со резерва

Покрај тоа истражувањето открива дека успешните парови се трудат многу околу врската и вложуваат во неа. Што на крај може да заклучиме дека не е пресудно само тоа кој ќе го направи првиот чекор. И нормално сето тоа е индивидуално затоа што секој љубовта ја сфаќа на различен начин.