Жените кои молчат се многу попривлечни од оние кои секогаш зборуваат!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Без гајле, не се обидуваме да ги пратиме жените во кујна и да им го одземеме правото на говор, но постојат неколку причини поради кои жените кои знаат да молчат и слушаат се многу попривлечни, но и многу подобри пријателки од оние кои секогаш зборуваат.

Присутни се
Во денешно време е се потешко да најдете личност која сигурно ќе биде присутна и сигурно ќе сака да слушне што сакате да кажете. Поголем број повремено го проверува мобилниот додека зборувате или само ќе кимне со главата и се прави дека ве слуша, а иако низ главата им се мотаат сосема други работи.

Имаат способност за сочувство
Жената која ве слуша има способност за сочувство и може да ви даде корисен совет ако ви е потребен.

Не мора да бидат во прв план
Еден од најчестите проблеми на луѓето кои не слушаат е фактот дека во текот на разговорот само се обидуваат да ја свртат приказната за да можат да зборуваат за сбе. Личноста која знае да слуша и да молчи додека зборувате сигурно ќе ве слушне, без да сака да ја сврти темата за таа да почне да зборува.