Жената која била во љубовна врска со Витни Хјустон издава книга со мемоари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Седум години откако почина славната пејачка Витни Хјустон, нејзината долгогодишна пријателка (или многу повеќе од пријателка), Робин Крафорд, ги издава своите мемоари со наслов „Песна за тебе: Мојот живот со Витни Хјустон“.

Книгата која ќе се најде во продажба во ноември, е очекувана со нетрпение од пошироката публика, особено поради деталите во неа, кои ги попдрвдуваат шпекулациите дека двете жени биле многу повеќе од пријателки.

Според најавата Крафорд решила да ја раскаже својата животна приказна во која големо влијание имала славната пејачка. Во книгата се очекува таа да ги раскаже деталите од нивниот љубовен живот , кој со децении се држеше во тајност.

Нивното пријателство почнало во раните 80-ти години кога биле девојчиња од Ист Оринџ во Њу Џерси. Крафорд била со Витни од почетокот на нејзината кариера, како и низ ужасниот брак со Боби Браун.

Заедно работеле 15 години, колку наводно траела и нивната љубовна врска, а потоа во 2000 година тивко се разделиле. Дали тоа беше причината Витни да почне со зависностите, што ја уништија нејзината кариерата и животот, нема никогаш да се дознае.

Но, факт е дека Крафорд значително влијаела на нејзинуиот живот и тоа никој не го оспорува. Витни Хјустон и сега важи за пејачка со најголем број продадени албуми, 200 милиони, а според бројот на наградите влезена е во Гинисовата книга на рекорди.