Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Жената која поради болест го изгуби памтењето плаче секој пат кога ќе ја потсетат дека сопругот ја остави откако се разболе.
29 годишната Вероника од Русија пати од дегенеративни болести поради кои го изгуби памтењето.
Поради тоа не се сеќава дека сопругот се разведе од неа во ноември минатата година и секој ден некој мора да ја потсеќа дека тој нема да се врати дома од работа.
Тие двајца се венчале пред Вероника да заболи, а причините за разводот не се објавени.
Таа секој ден мисли дека е тој на работа, а секоја вечер мајка и повторно мора да и каже дека ја остави, а таа почнува да плачи.
Нејзината приказна е објавена во руските медиуми, а многубројните читатели изразија сочуство.
„Толку ми е жал, што и мене ми се плаче“ комнтираше еден, додека друг предлага да и кажат дека таа го оставила него.