Жена 25 години ги бричела лицето и телото, па сега ја покажа зошто го правела тоа


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Роуз Геил е жена со брада иако не е трансродова личност. Со влакната се бори 25 години, лицето и телото ги бричела секој ден, а минала и низ многу хормонски терапии и безброј ласерски третмани. Но, влакната на нејзиното тело никако не исчезнувале, па одлучила на крајот да се прифати себеси таква каква што е и да се покаже пред светот во своето вистинско издание.

A post shared by rose (@rosegeil) on

Роуз пушти брада и мустаќи, а ги остави да си растат и сите останати влакна на телото и се фотографираше, па фотките ги прикачи на Инстаграм. На фотографиите доби многу реакции и коментари, како од познати, така и од непознати за неа луѓе.

A post shared by rose (@rosegeil) on

„Луѓето ми приоѓаа на улица и ми велеа дека сум убава и храбра жена. Не добив негативни реакции, или беа многу позитивни или неутрални“, вели Роуз која одлучи да го прифати својот проблем, да се помири и да почне да живее со него.

A post shared by rose (@rosegeil) on