Жан Митрев на распит во ОЈО во врска со хемофилтрациските третмани на пациентите во неговата клиника


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Од Основното јавно обвинителство потврдуваат дека д-р Жан Митрев е повикан на распит во врска со случајот за лекување пациенти со ковид-19 со хемофилтрација во неговата приватна клиника за кој ИРЛ објави документарна сторија.

– По објавувањето на сторијата на ИРЛ за лекувањето на пациенти со хемофилтрација, од ОЈО беше одлучено по допрен глас доктор Жан Митрев да биде повикан на распит – велат од ОЈО за медиумите.

Оттаму додаваат дека д-р Митрев бил уредно поканет да дојде во Обвинителство и да даде изјава во врска со овој случај, на која тој уредно одговорил и пристигнал во просториите.

Информативниот разговор со д-р Митрев е сѐ уште во тек, а го води обвинителот Гаврил Бубевски.