Home Актуелно „Жалиме“: Гигантот Боинг ја призна грешката за несреќите во кои загинаа 340 лица

„Жалиме“: Гигантот Боинг ја призна грешката за несреќите во кои загинаа 340 лица

Софтверска грешка за која вината ја презема производителот на патничките авиони, гигантот Боинг, е причина за двете авионски несреќи во кои се срушија два нивни нови авиони, при што загинаа 340 лица.

„Нас во Боинг ни е многу жал поради загубените животи во неодамнешните авионски несреќи на 737 МАХ8 . Тие трагедии засекогаш ќе остават тежок траг во нашите срца и во нашите умови. Изразуваме сочуство на семејствата на загинатите патници и членовите на екипажите” , рече Денис Муленбург, главниот извршен директор на компанијата Боинг.

Тој додаде дека Владата ќе ја извести јавноста за деталите , но според прелиминарниот извештај , што денеска го презентираа властите во Етиопија , јасно е дека причина за несреќата на овој и на авиониот што падна во Индонезија , е софтверскиот проблем.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…