Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Европската централна банка соопшти дека е зголемено кредитирањето на домаќинствата и компаниите во еврозоната во ноември.
Обемот на банкарските кредити кои во ноември им се одобрени на домаќинствата во еврозоната порасна за 1,9 отсто на годишно ниво, во споредба со растот на кредитирањето од 1,8 отсто во октомври, додека кредитирањето на компаниите порасна за 2,2 отсто, што е повеќе во однос на растот од 2,1 отсто во октомври.
Главниот економист на компанијата IHS Markit, Хаувард Арчер, најновите податоци ги нарече поволни вести за Европската централна банка.
Европската централна банка особено ќе го поздрави забрзувањео на стапката на раст на кредитирањето на компаниите во еврозоната на петгодишен максимум во ноември, вели Арчер.
Инфлацијата во 19-члената еврозона во ноември порасна на двеиполгодишен максимум од 0,6 отсто, што е сигнал дека напорите на ЕЦБ започнуваат да даваат резултати. Тоа, сепак, сеуште е значително под целта на Европската централна банка за нешто под 2,0 отсто.