Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Егзотични локации, секси „парталчиња“ врз згодна женска со секси затегнато тело – на Робин Тик може да му позавиди секој припадник на погрубиот пол.
Се вика Ејприл Лав, има само 22 години, се занимава со што друго ако не со манекенство, а успеа да го освои срцето на славниот пејач и познат швалер Робин Тик.
Денес 40-годишниот Тик својата светска слава ја стекна во 2013 година со песната Blurred Lines и спотот за истата, кој во цензурирана и нецензурирана верзија го красеше жешката Емили Ратајковски која, исто така, се прослави со тоа видео.
Во тоа време Тик, поточно од 2005, беше во брак со актерката Пола Патон, со која има и Син, и од која, како што самиот призна, морал да добие дозвола и одобрение за да го сними провокативниот сопт. Парот заедно беше вкупно 21 година.
Но, во 2015 година работата се закрши. Пола побара развод, а причините беа неговите многубројни неверства, кои почнале да се случуваат токму во времето кога стана светски познат. Случајност? Не би рекле. Но, Робин утеха пронајде во многу помладата Ејприл.
Парот често ужива на егзотични места, а ако Ејприл нешто сака навистина многу, освен Робин, тоа е да го покажува своето иделано одражно тело. Таа стана вистинска фитнес инспирација за голем број жени ширум цел свет.