Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Хрватката Кристина Пенави, девојка која држи штанд со мандарини во Загреб, стана мета и центар на внимание на хрватските медиуми кои на големо се распишаа за неа. Сите претставници на медиумски редакции кои го посетиле нејзиниот штанд за продажба на мандарини, тврдат дека е неверојатно љубезна и симпатична.
„Има полни раце работа“, се вели во еден од текстовите за Кристина. Освен што продава мандарини, многумина сакаат и да се фотографираат со неа, па често застануваат со автомобилите и чекаат во гужвата за да дојдат до Кристина.
Таа вели дека се навикнала на гужви, сирени од автомобили и врева. Судири, како што тврди, досега уште немало. Работи од 9 до 19 часот, а во тој период се случува да успее да продаде и до 300 килограми мандарини. Купувачите се главно мажи и не им е проблем да чекаат со редови за да добијат кило мандарини од Кристина.
View this post on Instagram
Хрватскиот портал 24sata на шега ја нарече „Памела Мандарисон“, допишувајќи дека на местото каде што работи таа не е потребен сообраќаен радар, бидејќи сите возачи возат по прописи тука, а некогаш и дури под истите. На загрепчани им е позната од порано, кога продаваше лубеници, а на социјалните мрежи можете да ја видите како продава парфеми.