Згасна печатеното издание на култниот Playboy


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Среде хаосот и паниката кои ги предизвика пандемијата на коронавирус во светски рамки, Playboy објави дека го затвора печатеното издание, пренесуваат американските медиуми.

Поради светскиот хаос предизвикан од пандемијата, „Playboy“ имал големи деловни тешкотии и реши да го затвори своето печатено издание.

Отсега, најпознатото машко списание ќе постои само во онлајн верзија. Култниот магазин исчезнува од киосците по 67 години од неговото објавување.

Култното списание е основано од Хју Хефнер, кој почина пред три години.

Во 1953 година, Хефнер извади хипотека и заем од 600 долари од банка, собра 8.000 американски долари од 45 инвеститори (вклучувајќи и 1.000 долари од неговата мајка) и го основа Playboy.

Списанието првично беше наречено Stag Party, но поради постоењето на списание со слично име, Хефнер го избра името Playboy.

Првиот број на „Playboy“ беше објавен во декември 1953 година, а на насловната страница беше објавена гола фотографија на Мерилин Монро од 1949 година, снимена за календар. Оригиналот беше отпечатен во 70 илјади примероци, а биле продадени 54 илјади примероци. Затоа, Хју Хефнер од сопствени пари платил 75.000 долари во 1992 година за да биде погребан до Мерилин Монро, иако ако може да се верува на Википедија, тие никогаш не се сретнале.