Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
По серијата земјотреси и поплави годинава се поголем број на граѓани го осигуруваат својот имот. Бројот на продадени полиси за имот бележи пораст од 19 отсто кај физички лица, и 10 отсто кај правни. 86 отсто од полисите за осигурување на имот од поплави и земјотреси ги купиле граѓани, велат од Агенцијата за супервизија.
Штетите од поплавите ги чинеле осигурителните друштва 570 илјади евра. Додека во случајот со земјотресите за поголем број од пријавите немало никакво обештетување.
Во сегментот на осигурување од поплава вкупниот број а продадени договори за осигурување пред две години, бил 22 683 договори за осигурување и заклучно со третиот квартал годинава имаме пораст од 46,59 проценти или продадени се во 2016 година, 33 252 договори со вклучен ризик поплава, вели Климе Попоски, од агенцијата за супервизија на осигурувањето.
2016тата година е рекордна по исплатени штети или вкупно се исплатени 42 милиони евра. Годинава се извдвојува по најголемата поединечна штета до сега, која се однесува на падот на полицискиот хелихоптер пред две години. Несреќа во која загинаа четворица пилоти.
Политичката и економската криза влијаеле негативно на динамиката на пораст, велат од Агенцијата. Забавување на порастот во продажба на полиси е забележан во земјоделското осигурување. Во овој сектор се исплатени штети од околу половина милион евра. Македонскиот осигурителен сектор не е имун на измами, велат од Агенцијата. Се проценува дека во светот 10 отсто од исплатените штети се поради осигурителна измама.