„Земјотрес“ во Рим: Тоти ја напушта Рома?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендата на италијанската Рома, Франческо Тоти може да го напушти клубот, откриваат медиумите на Апенините.

Тоти не е задоволен бидејќи нема да ја добие работата спортски директор, која смета дека му припаѓа по заминувањето на Мончи, па најавил заминување од клубот.

Нов спортски директор на Рома веројатно ќе биде Џанлука Петраки додека на Тоти му е понудено да биде технички директор и на тој начин да соработува со него.

Но, очигледно Тоти ја одбил таа понуди и се огласи на Фејсбук и веројатно најави негово заминување, барем така изгледа пораката која ја остави.

„Во овој момент многу е кажано и напишано. Ќе се обидудам да ги откријам моите мисли и она што сакам да го направам. Наскоро ќе ви ја кажам мојата страна на приказната“, порача Тоти.

Еминентната „Газета дело Спорт“ тврди дека Тоти е многу блиску од заминување од клубот и дека во следните денови официјално ќе ја соопшти својата одлука.

Тоти е жива легенда на Рома каде помина цели 25 години и запиша повеќе од 600 настапи за „волчицата“.