Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Силен земјотрес во 10:54 часот по локално време е регистриран кај Нов Зеланд.
Епицентарот на земјотресот бил на островите Кермадек, на длабочина од 34 километри, а со јачина 7,2 степени според Рихтеровата скала.
Вториот силен потрес бил во 17:17 часот по локално време, а јачината била 6,4 степени.
Центарот за предупредување од цунами испратил соопштените дека нема опасност од појава на разорни бранови на бреговите на Нов Зеланд и на Хавајските острови.
Островите Кремандек се главно ненаселена област на околу 1.000 километри од Нов Зеланд.