Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја стресе Македонија утрово во 4.55 часот.
Земјотресот , според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар , бил со епицентар на 15 километри од Гостивар , во близина на Леуново.
Силниот потрес е почуствуван на територијата на целата земја , како и во Албанија , Грција , Косово и Црна Гора.
Освен вознемиреност меѓу жителите, особено на Скопје, засега нема пријавено материјална штета.