ЗЕМЈОТРЕС НА ЕНФИЛД: Кутињо може да замине, Ливерпул спреми замена од 80 милиони евра!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вистинска лудница владее на трансфер пазарот во финишот од преодниот рок.

Како што изминува времето на трансфер пазарот владее вистинско лудило. Во наредните четири дена се очекуваат трансфери на сите страни, а вистински „земјотрес“ се очекува на „Енфилд“.

Изгледа дека Ливерпул се помири со заминувањето на Фелипе Кутињо во Барселона, но избраа и одлична замена. Последните информации кои ни доаѓаат од Франција гласат дека Ливерпул испратил понуда до Монако од 72 милиони евра и плус осум преку бонуси за услугите на Тома Лемар.

Ова е навистина големо изненадување, Лемар во текот на целото лето се поврзуваше со трансфер во Арсенал кој за неговите услуги испраќаше три понуди. Последниот пат понуди 50 милиони евра, но од Монако порачаа дека Лемар не е на продажба. Меѓутоа сега пред нив се 80 милиони и тоа е понуда која тешко се одбива. Посебно што и самиот играч има желба за трансфер во Премиер лигата, пишува Спортски.мк.

Меѓутоа на Монако не му сеедно. Веќе ги продадоа Бернардо Силва, Бенџамин Менди, Тајмон Бакајоко и Килијан Мбапе кој го договори трансфер во ПСЖ. Со заминувањето на Лемар тимот практично би ги продал сите најдобри фудбалери од минатата сезона, но исто така е и одлична прилика за заработка со оглед на тоа дека Лемар беше платен само четири милиони евра.