„Земјотрес“ на Апенините: Милан спреми спектакуларна понуда за Инисиње


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лоренцо Инсиње целата своја кариера игра во редовите на Наполи и стана симбол на клубот, но се погласни се шпекулациите за неговото заминување.

Италијанскиот репрезентативец проценил дека дошло време за промена на средината и веќе им соопштил на раководните луѓе, пред се на првиот човек Аурелио Де Лаурентис да биде ставен на трансфер листата и во текот на летото.

Инисиње го информирал и неговиот агент Мино Раиола, кој веќе ја започнал потрагата по нов клуб за Италијанецот.

Лоренцо има договор со Наполи до 2022 година, а Де Лаурентис нема да му стои на патот, но за неговата слобода бара меѓу 80 и 100 милиони евра.

Денес италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека најсилен интерес за Инсиње покажува Милан. „Ил Матино“ пренесува дека „росонерите“ веќе започнале преговори со Раиола и спремиле понуда.

Миланскиот гигант е спремен за потписот на Инсиње да понуди 40 милиони евра, плус во Наполи да го испрати Сусо.

Наполитанците веќе подолго време се интересираат за Шпанецот, а неговата цена во моментов изнесува помеѓу 40 и 50 милиони евра.

Преговорите во моментов се во почетна фаза, но медиумите се оптимисти дека трансферот може да се реализира, особено поради фактот што Инисиње самиот сака да замине од Наполи.

https://twitter.com/GoalItalia/status/1120635127829344257