Земјоделието со габаритна администрација, земјоделците незадоволни од институциите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Додека расте бројот на работници во институциите кои работат за унапредување на земјоделството, производството и пласманот од година во година се намалува.

Ова го покажува истражувањето на невладината организација Рурална коалиција. Од таму велат дека за осум години двојно се зголемил бројот на вработени во Министерството за земјоделство, вработените се неажурни. Голем дел од земјоделците чекаат повеќе од 15 дена за некаков одговор од државата, а најголем дел од нив и не знаат кои се надлежностите на сите институции наменети за нив.

Од една страна има голем број на вработени во сите овие институции кои беа предмет на анализа, но од друга страна тоа се одразува негативно на квалитетот на услугите кои тие ги даваат на земјоделците, изјави Лилјана Јоноски, координатор на проектот

Дел од земјоделците пак, се жалат на услугите и на помошта од државата.

Субвенциите, донаците и грантовите не одат во рацете на вистинскиот земјоделец. Се е корумпирано и во една мрежа. Земјоделците се на раб на откажување и сакаат да бараат друг излез, вели Весна Јаневска, земјоделец.

Државата како да се бори што повеќе да се увезе, никој не го интересира за извоз. Многу малку се мисли на извоз, изјави Крсто Крстевски, земјоделец.

Земјоделците бараат итно да профункционира државната Агроберза која работи на откуп и пласман, потоа да има поголем извоз на домашното производство, како и почести инспекциски контроли низ целата земја.