Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Дупка со пречник од околу 60 метри се појави во поле во близина на мексиканскиот град Санта Марија Закатепеко. Истата претставува сериозна закана за блиската куќа, пренесува Си-Ен-Ен.
Гувернерот на мексиканската држава Пуебло, Мигел Барбоса Хуерта, на прес-конференција изјави дека дупката е длабока 20 метри.
Гувернерот додаде дека семејството што живеело во куќата покрај дупката е евакуирано и дека досега никој не е повреден. Тој го предупреди локалното население да не се приближува до дупката.
„Дијаметарот на дупката на почетокот беше пет метри, а во следните часови таа значително се зголеми“, рече Беатриз Манрике, министер за животна средина на Поебло.
„Веруваме дека изгледот на дупката се должи на две работи – обработка на почвата и испумпување вода. Двете активности доведуваат до омекнување на почвата“ – додаде Манрике.
Група експерти од повеќе јавни институции ќе го испитаат настанувањето на дупката. Процесот ќе трае најмногу 30 дена.
Дупката првпат се појавила во саботата и постојано се полни со вода.