Home Вебкафе Земјата остана без Ecnomiohyla rabborum: Исчезна уште еден животински вид

Земјата остана без Ecnomiohyla rabborum: Исчезна уште еден животински вид

Во Зоолошката градина во Атланта почина единствениот преостанат примерок од реткиот вид на жаби (Ecnomiohyla rabborum), со што светот остана сиромашен за уште еден животински вид.

Во последните неколку децении починаа повеќе стотици водоземци, а истата судбина поради загадување на околината и уништување на нивните природни живеалишта им се заканува и на многу други видови..

Жабата Тофи живееше во Панама, од каде пред неколку години е преселен во ботаничката градина која се наоѓа во рамки на Зоолошката градина во Атланта, заедно со уште неколку прпадници на неговиот вид, кој е откриен дури во 2005 година.

За преселувањето е одлучено кога биолозите, кои го откриле тој вид жаби, многу брзо откриле и дека поради смртоносната болест која го погодило нивното живеалиште уште тогаш се наоѓале на работ на изумирање.

Експертите се надевале дека проучувајќи го Тофи и неговите роднини, ќе пронајдат начин да се спречи изумирањето и дека со одгледување во заробеништво ќе се обнови видот.

За жал, откако во 2009 година изумре и последната женка, а три години подоцна и претпоследниот мажјак, на сите им стана јасно дека со смртта на Тофи (кој четири години живееше сам), светот ќе стане посиромашен за еден животински вид.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе

Напишете коментар

Check Also

Кажете ни во колку часот си легнувате, и ќе ви откриеме каква личност сте

Што открива оваа навика за вашата личност? Повеќето од нас имаат релаксиран став кога стан…