Земјата голташе автомобили во Ерзурум (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поплавите предизвикани од обилните дождови во турскиот град Ерзурум предизвикаа одрони на земјиштето и рушење на локалните патишта.

На снимките кои што ги објавија турските медиуми, може да се види како еден автомобил е проголтан од огромна дупка на патот која што се отворила како последица на големите поплави.

Обилните дождови исто така предизвикале и голема поплава во турскиот главен град Анкара каде што исто така е причинета прилично голема материјална штета.

Посебно погодено беше предградието Мамак во Анкара на почетокот на мај. Тогаш неверојатните сцени го обиколија светот, а посебно снимката на која што се гледа како човек буквално „сурфа“ на својот автомобил кој го носи водата.