Зеленски во интервју за „Тајм“ открива како ќе бил убиен од Русите во февруари оваа година


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во интервју кое го даде за реномираниот магазин „Тајм“, претседателот на Украина, Володимир Зеленски открива дека уште на почетокот на војната на 24 февруари, руските војници двапати се обиделе да упаднат во претседателскиот комплекс додека тој и неговото семејство биле внатре.

Неговите сеќавања од тие први часови се „фрагментирани“, се вели во интервјуто. По почетокот на бомбашкиот напад доцна во ноќта, тој и неговата сопруга Олена Зеленска отишле да им кажат на нивната 17-годишна ќерка и 9-годишниот син да се подготват да избегаат од дома.

– Ги разбудивме. Беше гласно. Таму имаше експлозии – изјави Зеленски за Тајм.

Украинската армија му рекла на Зеленски дека руски напаѓачки тимови од падобранци дошле во Киев да го убијат или заробат него и неговото семејство.

– Пред таа вечер такви работи гледавме само на филмови – изјави за магазинот Андриј Јермак, шефот на неговиот кабинет.

Пукањето избувнало околу владиниот округ кога паднала ноќта на првиот ден од војната. Стражарите во кругот ги исклучиле светлата и донеле панцири и автомати за Зеленски и десетина од неговите помошници. Еден од ретките функционери кои знаеле да користат оружје бил Алексеј Арестович, ветеран на украинската воена разузнавачка служба.

Зеленски ги одбил британските и американските сили кои му понудиле да биде евакуиран на безбедно за да направи влада во егзил. Тој следната вечер излегол во дворот од претседателскиот комплекс и ја снимил познатат видео-порака на својот телефон, каде вели дека е тука заедно со украинскиот народ.

Според Зеленски, во тој момент Зеленски тој навистина станал свесен за неговата улога во војната.

– Разбираш дека луѓето гледаат. Ти си симбол. Мора да се однесуваш како што треба да се однесува шефот на државата – изјавил Зеленски за „Тајм“.