Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Украинските воени сили се подготвуваат за одбрана од нови напади во источниот дел на земјата, каде Русите го зајакнуваат военото присуство, откако претрпеа неуспеси во близина на Киев, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој во неговото синоќешно видео обраќање се осврна и на движењата на руските трупи од Киев и од Чернихив, тврдејќи дека тоа не е повлекување, туку „последица на сработеното од нашите бранители“.
Зеленски истакна дека е забележана акумулација на руски сили, насочени кон нови напади врз Донбас.
Русија неодамна најави дека „радикално ќе ја намали“ својата „воена акција во правец на Киев и на Чернихив“ и дека ќе се фокусира само на Донбас.
Зеленски информираше и дека мировните преговори меѓу Украина и Русија продолжуваат, „но, засега, има само зборови, ништо конкретно“.