Зеленски прави нови промени – сменет командантот на силите за специјални операции на украинската армија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го смени Хрихориј Халахан, командантот на силите за специјални операции на украинската армија, со декрет објавен денеска на веб-страницата на Претседателството.

Со уште еден декрет од Зеленски, генералот Виктор Хоренко е назначен за нов командант за специјални операции, пренесе Тасс.

Генерал мајорот Халахан (44) беше командант на силите за специјални операции на украинската армија во Доњецк и Луганс од август 2020 година. Пред тоа, тој беше прв заменик началник на Центарот за специјални антитерористички операции на Службата за безбедност на Украина. Од 2014 до 2019 година учествуваше во операции во Донбас. Причината за неговата смена сè уште не се наведува.

Инаку, Зеленски пред една недела ги разреши и шефот на Државната безбедност и главната обвинителка во земјата. Тогаш тој во видео обраќање на социјалните мрежи објави дека повеќе од 60 вработени во Јавното обвинителство и во Државната безбедност останале во окупираните територии и работат против интересите на Украина.