Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, апелираше дека е спремен да преговара за откажување од влегувањето на Украина во НАТО во замена за прекин на огнот, повлекување на руските трупи и гаранции за украинската безбедност.
„Тоа е компромис за сите: за Западот, кој не знае што да прави со нас во врска со влегувањето во НАТО, за Украина, која бара безбедносни гаранции, и за Русија, која не сака понатамошно ширење на НАТО“, кажа Зеленски.
Повтори дека бара директен разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Ако не се сретне со Путин, кажа Зеленски, невозможно е да се сфати дали Русија воопшто сака да ја прекине војната.
Но, претходно кажа дека секоја поголема промена, која би била внесена во украинските закони, би морала да биде потврдена на референдум.
Зеленски додаде дека Киев е спремен да разговара за статусот на Крим и источниот регион Донбас, кој е под контрола на проруските бунтовници, но дури по прекинот на огнот и чекорите кои ќе водат кон пружање безбедносни гаранции на Украина.