Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Коалицијата која ѝ помага на Украина во војната која Русија ја започна на украинска територија нема да го поддржи Киев доколку ги пренесе непријателствата на руска територија, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Верувам дека тоа е голем ризик, дефинитивно ќе останеме сами“, рече тој во интервју за националните медиуми, кои го прашаа дали е време за напад на руска територија. Зеленски нагласи дека односите со сојузниците се клучни во поддршката на Украина во нејзината борба за ослободување на сопствената територија.
Напредокот и одговорноста на Украина на бојното поле „секогаш се двострани“, рече Зеленски, додавајќи дека меѓународните партнери се „дел од секоја победа“, секое назадување во контраофанзивата, какви било одбранбени дејства и какви било слабости.
Зеленски, исто така, рече дека верува оти е можно да се „заговара демилитаризација на Русија“ на Крим преку политички средства.
Во последните месеци е забележан пораст на нападите на руска територија, при што руските власти велат дека украинските дронови и гранатирањето се одговорни за нападите во кои понекогаш се ранети или убиени цивили.
Официјални лица во Киев алудираа на одговорноста на Украина за овие инциденти – така минатиот месец по нападите со дронови Зеленски рече дека „војната се враќа во Русија“, но Украина обично одбива да преземе експлицитна одговорност за нападите преку границата.
Украина, сепак, ја презеде одговорноста за нападите со поморски дронови и друго оружје на Крим, украинскиот полуостров под руска окупација и околните цели на Црното Море, ветувајќи дека ќе има уште.
Москва го зазеде полуостровот и го прогласи за руска територија во 2014 година, потег што Украина, САД и меѓународните тела го осудија како незаконски. Киев рече дека неговата цел да ја истера Русија од Украина вклучува враќање на Крим.