Зеленски објави: Русите ја започнаа битката за Донбас


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, во видеообраќање синоќа порача дека „битката за Донбас“ почнала.

Неговата објава следи откако неколку високи функционери предупредија дека Русија во текот на денот го започнала својот долгоочекуван напад во овој источен регион на Украина.

„Сега можеме да потврдиме дека руските сили ја почнаа битката за Донбас, која долго време ја подготвуваа“, вели Зеленски.

„Тука е сконцентриран значителен дел од руските трупи за офанзива. Колку војници и да испратат таму, ние ќе се браниме. Секој ден. Нема да дадеме ништо украинско, а не ни треба никој друг“, кажа тој.

Тој им се заблагодари на сите борци во Донбас, Мариупол, како и во градовите во Харковската област кои, според него, успешно се бранат.

„Одбраната е судбината на цела Украина, зауздувањето на силите на освојувачот. Рубижне, Попасна, Золоте, Лисичанск, Северодоњецк, Краматорск и сите оние кои се Украина сите овие години и засекогаш“, порача Зеленски.

Од кабинетот на украинскиот претседател претходно во текот на денот изјавија дека започнала втората фаза од војната алудирајќи на новите напади од Русија во источниот дел од Украина. Генералштабот на украинската армија исто така објави дека руските сили денеска започнале напад во овој дел од земјава.