Зеленски му го додели на Талат Џафери орденот „Јарослав мудриот“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот на Украина Володимир Зеленски додели орден на кнезот Јарослав Мудриот на неколку светски политичари, меѓу кои и претседателот на Собрание на Република Северна Македонија, Талат Џафери.

Орденот се доделува за значајни лични заслуги во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, значителен придонес во популаризацијата на украинската држава во светот.

Списокот со имињата на кои Зеленски им додели орден „Јарослав Мудриот“ може да се прочита на службената страница на украинското претседателство.

Џафери во април годинава ја посети Украина со цел да ја потврди општата определба на државата да ја поддржи Украина и украинскиот народ, при што напомена дека физичкото присуство во оваа држава значи и лична, но и институционална поддршка на напорите на ункраинските институции да го врати мирот и контролата врз целата своја територија.