Зеленски им ги одзеде воените чинови на двајца украински генерали: „Немам сега време да се расправам со предавници“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека им го одзел воениот чин на двајцата генерали, додавајќи дека „нешто ги спречило да одлучат каде е нивната татковина“ и дека „ја прекршиле воената заклетва за верност кон украинскиот народ“.

Зеленски рече дека еден од генералите, Андреј Олехович, бил шеф на внатрешната безбедност во СБУ, главната разузнавачка агенција, додека другиот, Криворучко Серхи Олександрович, бил шеф на СБУ во Херсон, првиот поголем град што паднал во рацете на Русија.

Украинскиот претседател двајцата сега поранешни украински генерали ги нарече антихерои.

„Одлуката е донесена за анти-херои. Сега немам време да се занимавам со предавници. Но, со текот на времето, сите ќе бидат казнети“, рече Зеленски.

„Случајните генерали не припаѓаат овде!“, додаде тој.

Не се соопштуваат други детали за генералите или нивната судбина.