Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во видео обраќање од Киев до американскиот Конгрес, рече дека сега се решава судбината на Украина и на Украинците.
Тој додаде дека Киев е под секојдневно гранатирање, но дека градот не се откажува. Зеленски рече дека неговата земја е во најтешката војна од Втората светска војна и дека веќе осум години се спротивставува на руската агресија.
„Русија ја нападна, не само нашата земја, туку и нашите вредности“, им рече Зеленски на пратениците и сенаторите кои го пречекаа на нозе и со огромен аплауз.
Зеленски пред Конгресот го најави претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.
„Дали е премногу да се бара забрана за летови?“ го праша Зеленски конгресот.
„Русија го претвори украинското небо во извор на смрт за илјадници луѓе. Ако ова е премногу за да се бара, ние нудиме алтернатива: знаете какви одбранбени системи ни се потребни“, му рече Зеленски на Конгресот, додавајќи дека неговата земја е благодарна за поддршката и за сето она што САД го направиле досега.
Украина бара меѓународни безбедносни гаранции
„Предлагаме да ги санкционирате сите руски политичари. Продолжувајќи го својот говор со повикување на дополнителни санкции, Зеленски ги повика членовите на Конгресот да извршат притисок врз бизнисите да се повлечат од Русија.
„Мирот е поважен од приходите“, рече Зеленски. Обраќајќи му се директно на американскиот претседател Џо Бајден, кому му рече дека е благодарен за се што направил. Зеленски порача: „Да се биде лидер на светот значи да се биде лидер на мирот“.