Home Актуелно Зеленски бара специјална забрзана процедура за зачленување на Украина во ЕУ

Зеленски бара специјална забрзана процедура за зачленување на Украина во ЕУ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неговото обраќање до донорската конференција на ЕУ за Украина упати барање за средства и забрзана процедура за членство на земјата во ЕУ.

Конференцијата ја организираат Полска и Шведска во рамките на ЕУ. Целта е да се соберат средства за да и се помогне на Украина да се справи со последиците од војната со Русија.

Зеленски се обрати кусо на почетокот на конференцијата со барање за забрзана процедура за членство во ЕУ, што ја нарече „специјална процедура“ за членство.

– Членството на Украина мора да биде апсолутна реалност, не само ветувања и перспективи туку практични чекори, јас го знам тоа, и вие го знаете, мнозинството меѓу вас го разбира ова, изјави Зеленски пред присутните лидери на ЕУ, меѓу кои премиерите на Шведска, Полска, како и претседателите на Европскиот Совет и на Европската Комисија, Шарл Мишел и Урусла фон дер Лајен.

Премиерот на Украина, Денис Шимал, во својот говор го повтори ова барање, велејќи дека Украина сака членство во ЕУ веднаш, и дека „во одбрана на ЕУ„ ја води оваа војна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…