Зеленски алармира: „Руски диверзанти влегоа во Киев, јас сум им мета број 1“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека верува оти руски диверзантски групи влегле во главниот град Киев, објави Си-Ен-Ен.

-Според нашите информации, непријателот ме означи како цел бр. 1, моето семејство, како цел бр. 2. Тие сакаат политички да ја уништат Украина со уништување на шефот на државата. Имаме информации дека непријателските диверзантски групи влегле во Киев, рече Зеленски.

Тој додаде дека останува во владиното седиште заедно со останатите.