Зелено светло за Македонија од Холандија за отпочнување на преговорите со ЕУ


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Со неприфаќањето на барањето поднесено од неколкумина холандски пратеници за блокирање на датумот за нашата земја, холандскиот парламент индиректно даде зелено светло за Македонија да ги отпочне пристапните преговори за членство во Европската Унија.

Од друга страна, холандскиот парламент ја прифати истата резолуција за Албанија и се изјасни против отворањето на преговорите со ЕУ за оваа земја која е во ист пакет со Македонија за доделувањето на датум за преговори од минатата година.

Вкупно 105 гласа од вкупно 150 пратеници во парламентот гласаа за тоа дека Албанија треба да почека поради недоволен прогрес во делот на борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Практично ова беше консензуално мислење и за власта и за опозицијата. Самата холандска влада претставувана од министерот за надворешни работи, Стеф Блок, отворањето пристапни преговори со Албанија го оцени како избрзана одлука.

Парламентот во Холандија гласаше за четири резолуции поврзани за проширувањето на ЕУ,