Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Уметницата Елизабета Розендал од Њујорк последните 20 години ја обожава и почитува само зелената боја.
Оваа 75-годишна жена вели дека зелената боја за неа е најпозитивна на светот, па од косата, до облеката, на неа сè е зелено. Тврди дека својот живот не може да го замисли во ниту една друга боја освен зелената, пренесува Oddity Central.
Елизабет во една фаза носеше само здолништа кои сама ги шиеше, по терк на модата од ’30-те години од минатиот век. Во тоа време ги носеше сите бои, но потоа се префрли само на зелена, единствената боја која никогаш не ѝ здосадила. Сè започнало со зелен лак за нокти, а потоа зеленилото се прошири на сето останато кое е дел од нејзиниот живот.
„Едноставно се случи, тоа е најпозитивната боја на светот и ме прави среќна. Кога ќе се разбудам во лошо расположение, само ќе се нашминкам и ќе се облечам во зелено и веќе сум подобро. И другите луѓе се среќни кога ќе ме видат, посебно децата“, вели Елизабет.
Оваа „зелена“ госпоѓа и својата куќа ја уреди во зелени тонови, а вели оваа боја за неа е поинтересна со секој изминат ден.