Здравствената состојба на момчето во кое пукаше полицаец се подобрува


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Здравствената состојба на момчето во кое пукаше полицаец во Струмица се подобрува.

Струмичкото јавно обвинителство соопшти дека момчето и натаму се наоѓа на скопските клиники, но е стабилно и свесно и во моментот не се наоѓа во животозагрозувачка состојба.​

Полицискиот службеник кој повреди двајца малолетници со истрел од службен пиштол е осомничен за обид за убиство.

„За целосно расветлување на настанот, јавниот обвинител ги очекува резултатите од наредените вештачења на траги и материјални докази пронајдени на самото место, балистичките вештачења и анализите на трагите од барутните честички. Од сите инволвирани веднаш по инцидентот беа земени за анализа и примероци од крв и урина, како и парафински ракавици“, соопшти струмичкото обвинителство.

Од таму велат дека, со оглед на тоа што веќе се сослушани сведоците и се прибрани материјалните докази во постапката, за осомничениот се предложени серија мерки на претпазливост – забрана за напуштање на местото на живеење, обврска за редовно јавување во суд, привремено одземање на патната исправа и забрана за вршење определени работни активности.