Здравствената состојба на Михајловиќ е повторно влошена


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Синиша Михајловиќ веќе три години се бори со леукемијата, а сега италијанскиот новинар Илардио Ди Џиова од „Радио Радио“ објави дека состојбата на српскиот тренер повторно се влошила.

Утрово тој ги потврди лошите вести и искажувајќи поддршка за Михајловиќ да издржи во новата битка. Михајловиќ имаше успешна трансплатација на коскена срж, но сега болеста се вратила и ситуацијата се влошила.

Засега нема детални информации за колку влошена состојба станува збор. Никој од неговото семејство не се огласил во јавноста.

Информациите на Ди Џиова се сега Михајловиќ е во стабилна состојба, но таа е многу полоша од претходно.