Здрави навики кои треба да ги усвоите до 40-от роденден


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Како што старееме, на организмот му е потребно сè поголемо внимание, а за здрава старост нема подобар начин од претходно стекнати здрави навики. Со тоа староста ќе ја дочекате со многу добри темели кои и тоа како се важни за здравиот живот.

Кога се во прашање жените, иако тоа еднакво важи и за мажите, најголем пресврт се случува во 40-те години од животот, па дотогаш би требало веќе да имате усвоено добар дел од здравите животни навики.

Во втората деценија од животот тоа уште толку многу не се очекува, бидејќи тогаш уште сте млади и релативно несигурни. Во 30-те кај многумина веќе се јавува желба за поздрав начин на живот, а таа потреба обично кулминира со влезот четвртата деценија од животот.

Ако сте на прагот на тие години, тогаш треба да проверите кои од здравите животни навики во листата подолу веќе ги имате усвоено, а на кои треба да им посветите повеќе време и внимание.

1. На вашиот ум обезбедете му доволно одмор секој ден.

2. Физичките активности сметајте ги за животен стил.

3. Пијте многу вода, бидејќи водата е исклучително важна за здравјето и убавината на кожата, за здрав изглед и помалку брчки.

4. Чувајте ја кожата од штетните сончеви зрачења дури и во зима.

5. Секој ден трудете се да направите нешто повеќе за вашето здравје.

6. Резервирајте си време за медитација и квалитетно опуштање. Цел организам ќе ви биде благодарен за тоа.

 

7. Навикнете се на рано будење поради утрински вежби, од кои ќе имате корист цел ден.

8. Кога ќе забележите и навидум безначаен здравствен проблем, не се плашете да разговарате со лекар за тоа. Проблемите најдобро се решаваат ако се спречат или ако се реагира на време.

9. Однапред планирајте ги оброците, така што во купување на намирници ќе одите со јасни планови. Со тоа ќе заштедите пари, време, а ќе ги избегнете и вишокот калории.

10. Знајте дека дури и најдруштвените карактери понекогаш им треба време само за себе.

11. Малку пешачење секој ден може да биде фантастичен тренинг.

12. Заборавете на строгите диети, тие нема да ви помогнат во здравото губење килограми, па подобро концентрирајте се на промислена промена во здравата исхрана. Тоа е единствен начин да бидете задоволни со својата линија и изглед, а никогаш да не гладувате поради тоа.

13. Обезбедете си доволно време за спиење.

14. Вие сте единствените кои се задолжени за својот дневен распоред, па цврсто држете се до распоредот кој најмногу ви одговара на вашиот животен стил и вашите потреби.

15. Едно-две колачиња дневно нема да направат голема штета, па поради тоа слободно дозволете си малку благо (ама малку).

16. Солта не е единствениот зачин, па до 40-тата година би требало да ги откриете здравите вкусови на богатите зачински билки.

17. Редовно контролирајте го вашето здравје и трудете се никогаш да не ги прескокнете обврските кои се однесуваат на истото.

18. Бидете горди на својата здрава рутина и сметајте ја за најголем влог за среќна старост.