Здебелен до непрепознатливост: Го познавате кој оскаровец е на фотката?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тој е уште еден од малкутемина актеришта од холивудската банда кои се вистински цареви за трансформации и менување до крајни граници на својот физички изглед за потребите на филмските улоги кои ги толкуваат.

Кристијан Бејл го бие глас дека е спремен на сè кога е во прашање филмскиот карактер кој треба да го толкува, па драстичните физички промени не претставуваат проблем за него. Со тоа си заработи статус на култен актер меѓу обожавателите и филмската критика.

За улогата во биографскиот филм за Дик Чејни, Бејл се здебели буквално до непрепознатливост и целосно ја скрати својата коса. Тој прави шеги на сметка на својот изглед велејќи дека едноставно јаде сè, а вишокот килограми кои ги има не се проблем ниту за неговата сопруга Сиби Блажиќ, со која се во брак 17 години.

Една од најкултните и најзапамтени драстични физички промени кои ги има направено Бејл за една филмска улога е онаа за ликот во филмот The Machinist. Веќе следната година се набилда јако за потребите за ликот на Бетмен во Batman Begins.