Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
По кратко боледување, вчера почина српската актерка Јелена Јовановиќ Жигон, пренесува РТС.
Јелена беше родена на 3 ноември 1933 година и во својата плодна актерска кариера сними над 50 играни и 15 телевизиски филмови. Беше сопруга на познатиот актер Стево Жигон и мајка на актерката Ивана Жигон.
Најголема популарност таа стекна со улогата на Јелена Тодоровиќ во филмскиот серијал „Жикина династија“.
Добитник е на наградата „Златен прстен“ за најдобра актерка во 1961 година и многу други.