Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ ја загуби битката со тешката болест и почина денес на 53-годишна возраст.
Михајловиќ неколку години се бореше со леукемија, која повторно му се врати пред извесен период, па беше во тешка состојба.
Трагичната вест ја потврдија италијанските медиуми, Михајловиќ починал денес во болнички услови.
Михајловиќ имаше богата фудбалска кариера во Црвена Звезда и Италија, каде настапуваше за Сампдорија, Лацио и Интер.
Потоа имаше и успешна тренерска кариера каде меѓу останатите ги водеше и тимовите на Фиорентина, Милан, Торино, Болоња.
По смртта на Михајловиќ се огласија многу голем број сегашни и поранешни фудбалери, а од Михајловиќ се прости и клубот кој последен го водеше како тренер, Болоња.
„Збогум господоине, засекогаш ќе бидете во нашите срца“, објави на својот Твитер профил калчолигашот.
Во италијанските медиуми со соопштение излезе и семејството на Михајловиќ.
„Семејството со голема тага ја соопштува неправедната и прераната смрт на својот маж, татко, брат – Синиша Михајловиќ. Извонреден професионалец, достапен и добар кон сите.
Храбро се бореше против страшната болест. Им благодариме на докторите и медицинскиот персонал, како и сестрите кои го следеа со години со многу љубов и почит.
Посебно д-р Франческо Бонифачи, д-р Антонио Курто, проф. Алесандро Рамбалди и д-р Лука Маркети. Синиша секогаш ќе остане со нас. Продолжуваме да живееме со љубовта која ни ја пружи“, објави семејствот во соопштението кое го пренесуваат италијанските медиуми“.