„Збогум Дрого“: Џејсон Момоа ја избричи брадата и ги воодушеви обожавателите


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Веројатно никој и не го познава и памети актерот Џејсон Момоа бричен, оти најголем дел од неговата армија обожаватели го запознаа со фамозната брада по која, меѓу другото, беше препознатлив неговиот лик Кал Дрого во популарната серија Game of Thrones.

После седум години, Момоа реши да направи промена и преку видео објавено на YouTube го сподели церемонијалното бричење на брадата со која остана запаметен како Кал Дрого во „Game of Thrones“ и Аквамен во „Aquaman“. Со помош на електрична машинка за бричење, во некое зафрлено пустинско место, Момоа се сними како ја бричи својата брада. Притоа, тој упати и порака за еколошко освестување на луѓето преку која апелираше да не користат пластична амбалажа и да го подигнат нивото на свест за рециклирањето.

„Сакам да го направам ова со цел да ја подгинам свеста дека пластиката ја уништува нашата планета, и мислам дека имам решение за тоа“, вели Момоа на видеото. „Не сакам да мудрувам за тоа. Има еден единствен материјал кој може да биде од помош и да ја спаси нашата планета со рециклирање – тоа е алуминиумот, тој е 100 проценти рециклирачки“, апелираше Момоа.

Ова не е прв пат брадата која им расте на лицата од мажите да биде искористена за промотивни и кампањски цели. Веќе планетарно се популарни „Ноември без бричење“ (No Shave November) и „Мовембер“ (Movember), движења кои ги охрабруваат и предизвикуваат мажите да го направат спротивното од она кое го направи Момоа – да не ги бричат брадите или барем мустаќите, со цел да се подигне свеста за здравјето.

„Го бричам овој ѕвер бидејќи е време да се направи промена“, додава Момоа на видеото. „Промена за доброто…на моите деца, вашите деца, на светот. Ајде да направиме позитивна промена за здравјето на нашата планета“, вели славниот актер.