Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Скопје во тек се последните подготовки за посетата на папата Франциско на 7 мај. Се уредуваат локациите каде тој ќе престојува, а поделени се и билетите за присуство на Светата литургија на плоштадот во главниот град.
Според најавите, во вторник поглаварот на Римокатоличката црква ќе пристигне на аеродромот во Скопје, по што ќе ја посети Претседателската вила на Водно каде ќе се одржи официјална церемонија и негово обраќање, а потоа ќе има средби со верските лидери во Спомен куќата на Мајка Тереза.
Папата на плоштадот „Македонија“ ќе одржи ќе отслужи Света литургија на која се очекува да присуствуваат 15 илајди луѓе, а потоа тој ќе одржи Екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква.
За време на посетата на папата Франциско, во Скопје ќе важат посебни правила за движење низ градот, а сите граѓани кои ќе пристапат во зоната на централното градски подрачје од 6 до 19 часот ќе мора да се идентификуваат со важечки документ и да поминат низ безбедносна проверка.
Македонија ќе биде 42 земја што ќе ја посети папат Франциско од неговото устоличување како понтиф на Римокатоличката црква во 2013 година. Папата треба да пристигне во апостолска посета на земјава на 7 мај, а претходно ќе ја посети Бугарија.
Извор: Радио Слободна Македонија