Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонската ракометна репрезентација се пласира на 15-то место на Светското првенство, откако попладнево бевме подобри од Чиле 32:30.
Во еден изедначен натпревар без многу мотиви за игра Македонија заслужено стигна до триумфот и со победа се завршува овој шампионат.
По изедначеното прво полувреме на почетокот од вториот дел Македонија поведе со 21:18, а потоа противникот направи серија од 8-3 и поведе со 26:24.
Тоа само ги мотивираше нашите ракометари па запнаа да играат подобри и за неколку минути ја вратија предноста и го привршија мечот за победа од 32:30.
Кире Лазаров со девет голови беше најефикасен на овој натпревар, Манасков имаше еден гол помалку од него. Никола Митревски мечот го заврши со 11 интервенции.