Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
После заминувањето на Карло Анчелоти, нов тренер на Баерн Минхен е Јуп Хајнкес, пренесува „Билд“. Искусниот 72-годишен стратег ќе ја преземе клупата на актуелниот германски првак до крајот на сезоната.
Откако се нагаѓаше за многу звучни тренерски имиња кои би можеле да го преземат кормилото на германскиот фудбалски гигант, челниците од баварската машина се одлучија за искусниот тренер. Наскоро и клубот од Минхен официјално ќе објави дека до крајот на сезоната на нивната клупа, по четврт пат, ќе седи германецот Хајнкес, пренесува „Билд“.
Тој од Баерн во 2013 година си замина во заслужена пензија, но, како што пренесуваат германските медиуми, сагата околу новото тренерско име на Баерн е завршена и Хајнкес се враќа од пензија за да му помогне на клубот кој оваа сезона е во голема криза и кој на Анчелоти му врачи отказ после дебаклот во Париз од 0:3.
++ BREAKING ++
Jupp Heynckes coach of Bayern Munich until the end of the season, then they hire Julian Nagelsmann.https://t.co/c9oBtQVL47
— N_R (@N_REI01) October 4, 2017
Хајнкес најголемиот дел од играчката кариера го помина во Борусија Менкенгладбах, со која освои четири национални првенства и тогашниот Куп на УЕФА, а најголем успех во тренерската кариера доживеа токму на клупата од Баерн, со кого ја освои тројната круна во сезината 2012/2013 и после тоа клупата мораше да му ја препушти на Пеп Гвардиола.
Истиот извор тврди дека од следната сезона Баерн би требало да го води Јулиан Наглесман.