Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со синоќешниот концерт од офф-програмата на „Конкверин Лајон“ во „Резиденс“ куќата во прилепското село Плетвар заврши седмото издание на „Прилеп џез викенд“.
Претходно, во саботата, официјалната програма беше затворена со настапот на македонски виртуоз Јаков Дренковски, Французите „Ле Бал Пури“ и српската група „Деца Лоших Музичара“.
Во изминатите три дена од ова фестивалско случување на летната сцена од ЦК “Марко Цепенков” ги проследивме настапите на повеќе од 12 бендови со 40 звучни домашни и странски имиња од светот на џез-музиката, а посетеноста е потврда дека прилепчани имаат слух, за овој музички жанр.
„Под импресии сум. Се чуствува треперење во мојот глас, зошто вечерва ќе бидат многу мои пријатели, овде. Благодарен сум му на организаторот што вложи напор да стапиме во контакт и да бидам дел од ова што се случува вечерва во Прилеп. Оваа е музика која опушта и кога човек ќе реши да ја слуша навистина ужива во неа. Затоа слушајте џез“, порача Јаков Дренковски.
„Ние доаѓаме од Франција. За прв пат сме во Македонија, пристигнавме во петокот и имавме можност да го почувствуваме духот на фестивалот. Видовме три прекрасни концерти, кои што навистина беа различни, со различни видови џез и импровизирана музика и навистина сме воодушевени. Очекуваме и вечерва да си поминеме убаво, им благодариме на организаторите за поканата и ова е навистина едно ново доживување не само за џез музиката, туку и ние откривме една нова земја и култура“, изјавија музичарите од францускиот бенд, „Ле Бал Пури“.
Инаку, со „Џез – викенд“, Општина Прилеп успешно ја заокружува фестивалската програма за годинава.